Урбани комбинации за пролетни журки

11 март 2017

Пролетните журки на отворено се секогаш интересен предизвик кога е во прашање стајлингот. При изборот на аутфит за вечерните пролетни излегувања, може да пристапиме похрабро и да направиме урбан спој на нашите омилени парчиња од гардероберот: светкавиот блејзер, романтичниот фустан, високите потпетици и впечатливиот накит.

Новите тенденции најавуваат јаки бои, флорални принтови, глитер парчиња, карнери во секоја варијанта, но и одела во принтови или колор блок комбинации – сите се во игра за вашите впечатливи пролетни стајлинзи за журките кои ни претстојат.

Објавено:
11 март 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.683 пати