Вашиот паричник како впечатлив моден додаток

2 ноември 2013

Кој рече дека паричниците служат само за да се чуваат пари во нив? Доколку веќе е време да го замените вашиот стар паричник, кога ќе одите во шопинг по истиот, погрижете се тој да е доволно впечатлив за да може да го носите и како вечерна чантичка.

За оние излегувања кога не треба да понесете многу работи со вас, паричникот ви е сосема доволен како додаток на вашата комбинација.

Одберете некој поголем, за да може да ви го собере и мобилниот телефон, но сепак не толку масивен за да може да ви го собере и во чантата што ја носите преку ден.

Ние направивме избор од најубавите паричници на светот, па она што треба вие да направите е да си го одберете вашиот фаворит!

Објавено:
2 ноември 2013
Категорија: 
Тренд