Версаче дизајнираше патики инспирирани од иконскиот фустан на Џенифер Лопез

22 јули 2019

По цели 19 години, зелениот фустан на Џенифер Лопез што таа го носеше на Греми наградите, никој не може да го заборави.

Веројатно се сеќавате дека брендот беше Версаче, а дека популарноста на фустанот никогаш не замре, докажува и фактот што дизајнерите од модната куќа создадоа патики со истиот принт по кои девојките полудеа.

Цената на патиките што модната куќа ги направи во соработка со брендот за облека, Concepts изнесува вртоглави 1.075 долари, но тоа не ги спречи дамите да се потпишат на листата на чекање.

Планетарно популарниот фустан на музичката дива дефинитивно беше парчето што ја лансираше како икона во светот на модата, по што понудите за соработка од брендовите ширум светот не престанаа да пристигнуваат.

profimedia

Поради него, пребарувачот Google ги претстави Google Images, со објаснување на тогашниот изршен директор Ерик Шмит дека токму ова парче било најпребарувано во историјата на компанијата.

profimedia

Патиките се официјално пуштени во продажба во продавниците на брендот во Бостон и Њујорк, како и онлајн, а доаѓаат во верзии за мажи и жени.  

Инфо: WWD

Објавено:
22 јули 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
635 пати