Весели стајлинзи за секој ден од ноември

1 ноември 2019

Дојде ноември, а со него и пониски температури. Октомври нè изненади со сончевите и топли денови, па сигурни сме дека на сите ќе ни недостасува во претстојниот период.

Сепак, тмурните студени денови можеме да си ги разубавиме со весели стајлинзи. На почетокот од новиот месец, ви нудиме 30 предлози, за секој ден во месецот, како можете да се дотерате.

Доминираат стајлинзи во боја и со принт, со кои им пркосиме на  деновите без сонце.

Погледнете:

одело со кариран принт + топла розова ролка + чевли на потпетици

 

карирано здолниште + портокалова волуменозна јакна + светлосиви чизми

 

бели панталони + кончена блуза + капут од чоја и крзени ракави 

 

здолниште со пердуви + карирано палто + маица + чевли 

 

кожено здолниште во кафена нијанса + ролка + кожена јакна со крзно + високи чизми 

 

карирани панталони + џемпер + капут + чевли 

 

здолниште со принт + топла бела блуза + капут + високи чизми + марама

 

кожено широко здолниште + џемпер со широки ракави + беретка + сандали со хулахопки

 

фустан од тантела + карирано палто + лакирани чизми + крзнено капутче

 

плетен широк фустан + црвен кариран капут + чевли

 

широк џинс + кошула што се врзува во панделка + кариран капут + масивни патики

 

бели широки панталони + тенко беж џемперче + кафен капут + волуменозен шал + чевли

 

џинс + чизми до глужд + карирана пелерина во портокалови нијанси

 

цветен долг фустан + кожена јакна + високи чизми

 

црн џинс + црна ролка + капут со везен принт 

 

розово одело + тенка блуза + крзнено (вештачко) капутче со принт 

 

плисирано здолниште +кошула+ широк долг џемпер + бели чизми до глужд / сино здолниште од велур + кошула + високи чизми во кафено-портокалова нијанса 

 

широк мантил фустан со принт во зелени нијанси + високи портокалови чизми

 

плетен фустан ролка + виолетови чизми 

 

џинс со широки ногавици + бели високи чизми +ролка + кратка портокалова јакна

 

џинс + бела ролка + мантил/капут со животински принт + чизми до глужд

 

миди виолетово здолниште + бела ролка + бела кошула + окер чизми

 

беж ролка + здолниште или краток шорц + бел капут + шешир + колор блок високи чизми

 

макси розов фустан + беж мантил + зелени чизми

 

кожени црни панталони + џемпер + чевли со принт

 

сатенски фустан во сребрена нијанса +окер џемпер со ролка + окер високи чизми

 

шарен фустан + тегет капут + кафени високи чизми + капа

 

 

кожени панталони со широки ногавици + бела кошула + карирано палто + високи чизми

 

кошула + кратка јакна  + широко здолниште со принт + крзнен шал + беретка

 

 црвена ролка  + сино плисирано здолниште + кафен капут + црвени чизми

Објавено:
1 ноември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
11.362 пати