Ви предлагаме идеи за урбани јулски комбинации

4 јули 2018

Сакаме лето и го обожуваме јули. Долгиот топол месец е предизвик за модните фанатици, да го најдат балансот помеѓу секогаш впечатливиот, а сепак практичен и пријатен аутфит.

Ќе ви шепнеме еден корисен совет: одберете природни и лесни ткаенини, за секогаш удобно чувство во своја кожа, особено за време на високите температури.

А тоа не не ограничува да се препуштиме на летната игра со неограничениот избор на бои, принтови, дезени, кроеви, форми – така јули ќе биде забавен, а стилски месец.

Оваа сезона еден пар џинс со висок струк и џинс шорцеви, ќе бидат базични парчиња со кои ќе комбинираме топ на прерамки, транспарентна кошула, макси елек, кимоно со флорален дезен, маичка во пруги...

Ленените фустани со едноредно или дворедно закопчување, се хит во уличната мдоа, а може да ни послужат како пример за супер стилски комбинации во јули со еспадрили на платформа или со отворени сандали.

Сламените шешири, плетените чанти, очилата за сонце, марамите со игриви принтови – се секогаш корисни модни додатоци што може да ги имплементирате во различни комбинации овој месец.

Во галеријата во продолжение ви посочуваме интересни идеи за урбани јулски стајлинзи.

 

Објавено:
4 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.380 пати