Викенд инспирација: Зимски снежно бели комбинации

25 јануари 2020

Иако оваа зима сè уште снегот ја нема комплетирано идеалната слика за овој период од годината, сепак ние може да компензираме од моден аспект - со снежно бели комбинации.

Секогаш популарни независно од тенденциите, целосно белите комбинации се симбол за елегантен изглед.
Па овој сончев викенд нека биде повод да си го направите уште поубав во вашата омилена, целосно бела комбинација.

Фото: Pinterest

Разиграјте ја со микс на различни текстури или додадете впечатлив детаљ, комбинирајте слоевито и имате бесконечно можности за израз на вашата индивидуалност.

Ние секако ќе ве инспирираме со супер идеи што ги позајмивме од уличната мода.

Фото: Pinterest

Објавено:
25 јануари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.525 пати