Викенд комбинации обоени во пастел

17 мај 2019

Пред нас е викенд, доволна причина да размислуваме во свежи, светли и пастелни бои.
Ако имате во план викенд агенда што вклучува дневна журка, ние ќе ве охрабриме да направите урбана комбинација во пастелен колорит.

Дури и ако не сте љубител на пастелните тонови, може суптилно да ги вметнете на пример во некоја комбинација со неутрални или беж нијанси, па ако сте задоволни од резултатот, веруваме дека ќе пронајдете доволна причина почесто да ги имплементирате во вашиот секојдневен летен изглед.

Пастелните нијанси совршено се вклопуваат со актуелните тренди парчиња како дводелните костуми, предимензионираните кошули, широките здолништа, панталоните со висок струк, патики, мини ранчиња, марами со дезени...

Инспирација најдовме во уличната мода...

 

Објавено:
17 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
912 пати