Викенд комбинации што вклучуваат мото јакна

8 февруари 2019

Ако ja земеме во предвид метео прогнозата за овој викенд, не очекуваат пријатни температури, па може да планираме викенд на отворено.

За таков случај идеален избор на стајлинг е комбинација со омилената мото јакна што речиси сите ја имаме во плакар.

Затоа денеска направивме избор на викенд комбинации што вклучуваат мото јакна, а со кои имаме за цел да ве инспирираме како да го направите совршениот спој.

 

Со овој тип на јакна без исклучок, секогаш одлично се спојува џинс, плетен фустан, дуксер и патики, па нема да згрешите ако вашиот стајлинг вклучува некое од овие парчиња, соодветно надополнети со модни додатоци како мини ранец, шал или очила за сонце.

Објавено:
8 февруари 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
942 пати