Викенд комбинации во црвено

14 февруари 2020

Црвената е симбол на денешниот ден, кога се слави виното и љубовта.

Па сакајќи да ја потенцираме симболиката, направивме онлајн обиколка на атрактивната, светска улична мода и одбравме комбинации кај кои токму црвената боја е потенцирана.

Веруваме дека на многумина од вас им е омилена, па често наоѓате повод и причина да ја имплементирате во вашиот стајлинг независно дали е Св.Валентин или Св.Трифун.

Моќна, доминантна и впечатлива, црвената боја секогаш е соодветен избор кога сакате да оставите силен печат.

Објавено:
14 февруари 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.155 пати