Во бело од глава до пети – непогрешна комбинација за оваа пролет

22 април 2019

Сензуална и елегантна, белата боја е безвременска класика во модниот свет. Актуелна е во секоја сезона и во секој стилски правец.

Особено во топлите месеци од годината, обожуваме да ја носиме и од практични причини.

Нема да погрешите ако оваа пролет носите комплети во монохроматско, бело издание.

Облечени во бело од глава до пети, со внимателно одбрани детали и модни додатоци (како сребрен или накит во златна нијанса) и имате добитна комбинација.

Умешно направете микс на различи материјали или дезени, за да постигнете игрив и слоевит ефект.

Ние ќе ви посочиме неколку примери како тоа да го изведете...

 

Објавено:
22 април 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.210 пати