Волнени комбинации во преден план

18 декември 2014

Зимската сезона сама по себе наметнува модни тенденции, кои пред се акцент ставаат на топлите и комфорни парчиња. Во конкретниот случај, станува збор за волнени комбинации, кои на прв поглед оставаат впечаток како да носите пижами, токму поради удобноста која ја нудат. Доколку ги пратевте ревиите прикажани во модните метрополи, знаете дека овие комбинации беа дел од речиси сите есенско – зимски колекции на модните куќи за сезоната 2014/15.

Волнените комбинации не ја истакнуваат женската силуета, но затоа се совршени за слоевито облекување. Примарната цел е токму во уникатниот, а сепак лежерен изглед по кој секако ќе бидете препознатливи. Направете моден експеримент и стилизирајте се со комплет на волнeни панталони или здолниште со џемпер.

Објавено:
18 декември 2014
Категорија: 
Тренд