Враќање на карнерите

30 мај 2013

Gareth pugh

Карнерите сезонава го доживуваат својот голем камбек. Нивното враќање на модната сцена започна срамежливо минатата година, благодарение на пеплумот, за оваа пролет да доживее вистинска експанзија. Карнерите ги има и на здолништата, фустаните, кошулите, блузите, но и панталоните, сакоата.

Прва асоцијација на карнерите е романтиката. Тие се женствени, софистицирани и елегантни.  Дизајнерот Валентино Гаравани ги обожуваше, а за оваа сезона актуелни се и во колекциите на ГУчи, Живанши, Марни...

Една од причините поради кои и жените ги сакаат е таа што одговара на секој стил, но треба внимателно да се дозираат. Панталоните со карнери најдобро ќе одговараат на девојките со изразена витка линија, додека блузите не изискуваат посебна градба на телото. Дизајнерите најмногу ги користат како околувратници или на ракавите на фустаните и кошулите.

Карнерите се одличен избор за сите свечени пригоди- романични вечери, венчавни, но исто толку се практични и добри и за дневни комбинации. На пример, можете да се одлучите за кошула или блуза со едноставен, но ефективен карнер, со тесно здолниште или панталони со класичен крој.

Карнерите ќе ги сакаат и жени кои не се склони кон минимализмот, оние кои сакаат да носат ефективна, интересна облека и да привлечат внимание.

Објавено:
30 мај 2013
Категорија: 
Тренд