Враќање во 90-те: макси фустан + бела маичка

27 мај 2016

Уште еден голем ретро-моден хит што оваа сезона ни се враќа од 1990-те години е комбинацијата на макси фустан со тенки прерамки и бела маичка.

Сите што растевме во 90-тите години, се сеќаваме на хит сериите, филмовите и омилените музички бендови од тоа време кога особено беше популарна гранџ супкултурата, а кога се во прашање трендовите тогаш беа актуелни карираните кошули врзани околу струк и слоевитото облекување.

Комбинацијата на макси фустаните со бела маичка беше една од омилените, а сега повторно е апсолутен тренд и помеѓу новите генерации тинејџери.

Овој пролетно-летен период уличната мода е преплавена со ауфити во овој фазон, а се носат буквално во секое издание: од спортски и опуштени варијанти до вечерни стајлинзи комбинирани со светкави детали.

 

Објавено:
27 мај 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.982 пати