Враќањето на женскиот деловен костум

7 октомври 2013

Она без што една модерна жена не смее да си го замисли својот плакар, е женскиот деловен костум. Последниот пат кога нашите очи имаа можност да видат совршен крој на женски костум како да беше во филмот „Working Girl“ во 1988 година со прекрасната Мелани Грифит.

Но, последните информации дека женските костуми се враќаат на голема врата, многу не израдуваа.

За оваа есен, совршени женски костуми можат да се најдат во колекциите на Прада, Валентино, Долче и Габана, Диор и Рошас.

Како што е случај со автомобилските брендови Пежо и Цитроен, така и ова супер парче е француски класик. На модната сцена се појави во 1970 – та година, за прв пат креиран од Сен Лорен и ектра модерен и до ден денеска.

Женскиот костум е нешто што никогаш не излегува од мода и нешто што секогаш е паметна инвестиција кога одите во шопинг.

Тој никогаш нема да излезе од мода, а она што е уште подобро е фактот што двете парчиња од кои се состои, без разлика дали се панталони или здолниште, можете да ги носите и одделно.

Панталоните од костумот секогаш можете да ги комбинирате со секси кошула и модерна јакна, додека пак здолништето со било што и да посакате.

Дополнителната, олеснителна околност кога носите костум е тоа што се подготвувате буквално за 10 секунди и изгледате како да го поседувате светот.

Секако, она што треба да го имате на ум кога го купувате, е тоа тој секогаш да биде со совршен крој и едноставно да ви биде по мерка.

Погрижете се палтото да ви стои совршено во рамената, панталоните или здолништето да бидат со соодветна должина и секогаш да ја имате вистинската кошула под него.

За некој свечен настан, доколку се сметате себеси за доволно храбра девојка, костумот можете да го носите и без кошула и да бидете вистинска заводничка како што тоа умеат да го прават холивудските дами.

Објавено:
7 октомври 2013
Категорија: 
Тренд