Време е за инвестиција во гумени чизми!

17 ноември 2014

Ако оваа есен сакате да бидете практични, а воедно и неверојатно- шик, време е за инвестиција во гумени чизми.

Иако веруваме дека голем дел од вас во својот плакар веќе имаат еден чифт, есента е годишно време во кое тие ви се најпотребни, па' во продолжение ги издвојуваме оние најубавите од актуелните понуди.

Како и изминатите години, така и оваа, британскиот бренд Hunter е број еден во производството и продажбата на гумени чизми ширум светот.

За разлика од претходните години, оваа сезона, класичните црни гумени чизмички се заменија со неверојатно колоритни и забавни модели во одлични пастелни, но и јаки тонови.

И доколку претходно, девојките не беа доволно храбри и истите ги комбинираа со тесни фармерки и волуменозни туники и џемпери, оваа година, гумените чизмички влегуваат дури и во лежерните комбинации со бохо фустанчиња.

Сезонава, црната класика доаѓа во облик на мото – моделот дело на брендот Chinese Laundry, а безвременската елеганција и софистицираност на трендсетерките ширум светот им е обезбедена преку сивиот модел на Армани Џинс, пишува Fashion.hr.

Гумените чизми се задолжително ИТ парче за оваа сезона, бидејќи тие се единствените кои што на уникатен и стилски начин ќе ве заштитат од дождот. Воопшто не двоумете се истите да ги носите и на работа, особено доколку се црни или пак сиви.

Во продолжение во галеријата, погледнете ги последните модели од неколку дизајнерски колекции и инспирирајте се за есенски шопинг.

Објавено:
17 ноември 2014
Категорија: 
Тренд