Време за блескање: Новогодишни комбинации за стилски кралици

17 декември 2019

Празничниот период создава убав амбиент за да блеснете во вашето најдобро издание.
Деновите што се пред нас, се создадени за уживање, забава, сублимирање на впечатоците од годината во изминување...

Затоа посветете си време за себе и почнете со подготовките.

За почеток одберете го совршениот стајлинг, за што ќе ви помогне нашиот моден бренд Елена Лука, која во својата уникатна дизајнерска понуда, има совршен избор на празнични комбинации за жени со различен сензибилитет.

Доколку сакате да постигнете екстравагантен ефект со што нема да останете незабележани, тогаш одберете креација во која акцентот ќе биде на неконвенционалниот крој во комбинација со префинети материјали.


Ако сте доследни на класиката, а сепак сакате да се издвоите од останатите, тогаш елегантна макси тоалета со отворени рамена, изработена од светкав материјал е избор во кој ќе се чувствувате посебно и шик.

За дамите кои се пронаоѓаат во романтичната естетка, Елена Лука посочува на раскошните тоалети во пудрести нијанси со суптилен златен сјај.

Во галеријата во продолжение, издвоивме уште неколку уникатни креации од богатиот избор во понудата на Елена Лука.

Објавено:
17 декември 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.796 пати