Women’secret: Имајте слатки новогодишни сништа

19 декември 2014

sara

Покрај елката, лампионите, забавите, за многумина асоцијација за Нова година е и филмски маратон во удобна и топла атмосфера. Секој од нас првото новогодишно утро, го поминува во пижами, пред телевизија со добар филм и со омилената храна.

Водени токму од празничната атмосфера, одлучивме денеска да ви дадеме предлог за тоа во каква пижама да си ја започнете Новата година. Црвено-белата комбинација е идеална за оваа пригода, па затоа долниот дел од пижамите е во темноцрвена нијанса, со цветен дезен, додека горниот е со долги ракави во бела боја.

Топлинките се неизоставен дел од домашниот изглед, а за да бидете комплетно во празничен дух, ви предлагаме и некои од килотите со празничен принт.

Сега немате причина да не уживате и сосема да се опуштите. Како што вели и златниот натпис на пижамата, ви посакуваме многу слатки сништа во Новата година!

Комплетот е дел од понудата на Women’secret.

*Спонзорирана објава
Објавено:
19 декември 2014
Категорија: 
Тренд