За лето препорачуваме: одело со кратки панталони

9 јуни 2017

Доколку ви дозволува функцијата на работното место или пак едноставно сакате деловните парчиња да ги имплементирате и надвор од работните обврски, една супер летна варијанта се оделата со кратки панталони.

Специјално наменети за летната сезона, ваквиот тип на деловни комплети се изработени од лесни и пријатни материјали, а доаѓаат во различни комбинации на бои, дезени и принтови.

Во своите летни колекции своја модификација на овие популарни парчиња понудија голем дел од светските дизајнери меѓу кои и Ели Саб, Проенза Скулер, Acne Studios...

Во продолжение издвојуваме неколку впечатливи модели.

Фотографии: Buro247.hr

 

Објавено:
9 јуни 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
673 пати