За оваа пролет издвојуваме: фустани со точки

23 февруари 2018

Викендов одвојте време да направите еден темелен преглед на вашиот плакар и постепено да се подготвите за претстојната сезона. Доколку во сезонската облека за на пролет имате фустан со точки, тогаш без двоумење селектирајте го меѓу приоритните модни парчиња за сезоната што следува, затоа што токму принтот со точки, а воедно и фустаните со точки, ќе бидат апсолутен пролетен моден хит.

Светските брендови во своите нови колекции веќе понудија различни модели на ова роматично и женствено парче, а на вас останува како ќе го комбинирате.

За инспирација, фустанот со точки може да го споите со кожена јакна и мото чизми – за бунтовнички изглед или пак со сандали на високи потпетици и блејзер како елегана варијанта.

Освен фустаните со точки, овој принт е актуелен и кога се во прашање и модните додатоци, но исто толку популаре е и во ентериерното уредување.

Објавено:
23 февруари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.872 пати