Забавни и елегантни - панталони со принт

1 октомври 2014

Покрај актуелните фармерки со машки крој, оваа сезона панталоните со принт се вратија на голема врата. Тие се секогаш добар избор доколку не сте сигурни што да облечете, а сакате да изгледате елегантно.

Есенската сезона е во знакот на спортската елеганција, а совршено кроените панталони со принт се вистински избор за негување на овој тренд. Покрај комформноста која ја нудат, панталоните со принтови се одлични за комбинација со блејзер, пелерина или предимензионален капут. Класичниот крој на овој модел панталони совршено се вклопува со актуелните модели на чизми до глужд, но нема да згрешите и доколку одберете да ги комбинирате со класичен модел на патики или пак салонки. Во продолжение погледнете 15 модели на панталоните со принт и одберете го вашиот омилен модел.

Објавено:
1 октомври 2014
Категорија: 
Тренд