Задолжителни парчиња во есенската „милитари“ униформа

3 септември 2015

Оваа есен ќе биде обоена во зелени тонови. Веќе зборувавме за тоа дека токму зелената ќе биде на врвот на есенската колорна карта, што оди „рака под рака" и со еден од најактуелните трендови за претстојната сезона: „милитари“.

Маслинесто зелени војнички капути, палта без ракави, здолништа со висок струк, фустани со изразена силуета, кошули-фустани со нагласена половина, се задолжителни парчиња во модерната „милитари" униформа.

Наши омилени комбинации се оние кежуал варијанти на искинати фармерки во комбинација со долги елеци на врзување, како и спојот на мантили во маслинесто зелена боја со елегантен фустан и шешир.

Ве инспирираме во продолжение.

 

Објавено:
3 септември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.799 пати