Доколку сѐ уште не се снабдивте со топли јакни и капути за оваа зима, погрижете се тоа да бидат парчиња на чии јаки задолжително ќе има крзно.

Она што е супер, е тоа што овие денови еко – крзното изгледа подеднакво добро како и вистинското, па на тој начин доаѓа и како супер алтернатива.

Без разлика дали ќе се одлучите за елегантен капут во кафена, крем или сива боја, обидете се да пронајдете таков со крзно околу вратот, а доколку пак истото можете да го вадите по потреба, тогаш го имате парчето на сезоната.

На тој начин, ќе може да го комбинирате и со други парчиња, без разлика дали се работи за јакна, палто или пак некој елегантен фустан што дополнително ќе го украсите со шик крзното.

Доколку сезонава се решите за милитари јакна со крзно на капата, секако ќе направите супер избор. Истата можете да ја комбинирате во сите ваши секојдневни варијанти, но и во оние моменти кога сакате да се облечете лежерно и спортски.

Јакната одлично ќе се усогласи и со плетеното фустанче или кусото зимско здолниште што обожувате да го комбинирате со џемпери.

За да си ја олесните работата, а истовремено да си ги збогатите комбинациите, обидете се да си набавите јакна или капут со крзно што се вади!

Колку за инспирација, ние одбравме јакни и капути од актуелната понуда на high street брендовите што нам ни се омилени!

Објавено:
11 ноември 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.053 пати