Добриот стил чини добра идеја, висока стилска естетика и чувство за соодветна комбинација. Сите останати, потребни состојки за убав и привлечен визуелен изглед може да ги обезбедите во бутикот Зага што неодамна е отворен во рамките на Трговскиот центар во Гостивар.
Комплетно може да го стилизирате вашиот летен имиџ благодарение на богатата понуда на тренди и женствени парчиња, облека, чевли и аксесоари.
Она што е дополнителна придобивка е тоа што понудата на бутикот Зага ги задоволува потребите на жената за различни пригоди: од дневни лежерни комбинации, до модерни деловни стајлинзи, но и шик фустани за свечени пригоди.
Во инспиративниот колорит ќе ги најдете сите весели сезонски бои, но и актуелните принтови кои се апсолутен моден хит на урбаната модна сцена. Па така, Зага како дневна комбинација ви предлага избор од чанта-плико со животински принт, балетанки со истиот принт и еднобојно макси здолниште или пак за опуштен коктел навечер, одберете здолниште со цветни мотиви и транспарентна кошула изработена од лесен материјал.
За дополнителна инспирација, отворете на фан страната на Зага, на следниов линк www.facebook.com/zaga.mk.