Започна сезоната за плетени фустани

8 ноември 2017

Плетенините се идеален избор за топла и удобна, а истовремено стилска зима.

Плетиво се користи во дизајнот на различен тип на облека, почнувајќи од модни додатоци како шалови и капи, па се до трендовските предимензионирани џемпери, блузи и наметки.

Но, како фаворит за оваа есен-зима сезона ги издвојуваме плетените фустани. Тоа што може да ги комбинираме и во лежерни, дневни и во елегантни, вечерни комбинации е дополнителна придобивка и токму затоа се меѓу омилените сезонски парчиња.

Може да ги имплементирате и во слоевити аутфити, па да облечете плетен фустан врз џинс или под фустанот да облечете кошула.

Актуелни се сите земјени тонови, покрај монохроматската палета, но исто така лесно ќе најдете плетени фустани и во понагласени бои како портокалова и црвена со оглед на нивната популарност оваа сезона.

Фото извор: Пинтерес, Инстаграм

Објавено:
8 ноември 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.112 пати