Здолништето што ќе ја обележи оваа есен

6 септември 2016

Модната куќа Гучи со својата ресорт колекција за 2016 година, ја реши дилемата околу прашањето кое ќе биде здолништето што оваа есен ќе доминира. Плисираното миди здолниште во сива металик боја е одговорот.

Луксузната модна куќа го понуди како едно од клучните парчиња во нивната последна ресорт линија, а трендсетерките ширум светот веднаш го имплементираа во своите аутфити.

Покрај тоа што ова здолниште доминираше и во летните стајлизни, неговата популарност оваа есен ќе биде уште поголема.

Ќе го носиме со обична класична кошула и елек за на работа или со краток топ и на високи штикли за навечер.

Во продолжение дел од изборот на познатите луксузни и „high street" брендови.

 

Објавено:
6 септември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.722 пати