За неколку недели веќе ќе може од плакарот да ги извадиме нашите омилени јакни и палта во кои ќе уживаме во текот на студената сезона.

Доколку минатата сезона си набавивте зелена парка јакна која девојките ја обожаваа, тогаш сте завршиле голема работа!

Парка јакната е едно од омилените парчиња на Оливија Палермо, а тоа го докажа и со неодамнешното појавување на лежерна прошетка токму во ова парче комбинирано со стилски хеланки и шик сини патики.

Она што е добро кај оваа јакна е тоа што истата можете да ја најдете во речиси сите high street брендови по многу достапни цени, а верувајте дека истата тежнее кон тоа да стане класика во плакарот на секоја девојка.

Ако минатата сезона го носевме основниот модел, оваа есен парка јакната доаѓа во многу нови варијанти – со везени цветни апликации, колоритно крзно околу вратот, големи џебови и што уште не.

Она што особено освојува оваа сезона се моделите на брендот Creatures of the Wind кои понудија шик модели со неодоливи бои и дезени кај поставата, кожени ракави и цветни детали кои девојките ги освоија од прва.

Се носат и куси и долги модели во А – крој, а сѐ уште најпопуларни се оние парка јакни со средна должина кои одлично изгледаат со фармерки и стилски џемпер.

Одберете го вашиот фаворит во галеријата!

Објавено:
22 август 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.252 пати