Женствени комбинации за претстојниот викенд

8 јуни 2018

Викендот е пред нас, а вие ако со соочувате со дилема што да облечете доколку имате во план некое патување или договоривте забава со пријателите, ние направивме интересен избор на лежерни, а истовремено женствени комбинации, што ќе ви помогнат во изборот.

Лелеавите фустани и здолништа секогаш се вистински избор кој ги спојува елегантниот, а удобен изглед.
Затоа овој викенд извадете ги од плакарот омилените романтични фустани или здолништа и комбинирајте ги со отворени сандали, еспадрили или кломпи.

Панталоните со висок струк, оние со макси должина или килотите, се секогаш на врвот од листата на фаворити за „викенд комбинации". Па како следна варијанта ви ги посочуваме овој тип на панталони комбинирани со краток топ или кошула на врзување.

Не заборавајте на модните додатоци, кои имаат клучна улога во заокружување на комплетниот изглед, а оваа сезона ретро очилата, сламените шешири и свилените марами се нашите фаворити.

Во продолжение издвоивме супер летни комбинации од стилските девојки што ги следиме на Инстаграм.

 

 

Објавено:
8 јуни 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.581 пати