Женствени летни фустани соодветни за на работа

28 мај 2018

Обожуваме да носиме фустани, особено во лето. Макси и миди фустаните изработени од лен, наоѓаат широка примена во стилот на дамите кои преферираат женствен, а истоверемно практичен летен изглед. Така со едно парче облека, имате комплетен аутфит, се разбира заокружен со соодветни модни додатоци како што се удобните еспадрили или сандалите на врзување.

Доколку ви дозволува деловнио дрес код или не сте поставени во строги рамки на вашето работно место во однос на деловниот имиџ, тогаш токму ленените фустани секогаш се добар избор за топлите летни, работни денови.

Не само што летото е нивна сезона, туку ова лето женствените фустани сe и вистински моден хит, па ќе ги најдете во голем избор и во различни варијанти на бои, дезени и принтови.

Ние издвоивме дел од богатата понуда...

 

Објавено:
28 мај 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.786 пати