Женствени шик комбинации за ова лето

22 јули 2016

Женствениот и елегантен стил е модна филозофија на голем број жени. Затоа, секоја сезона модните дизајнери во креирањето на своите линии секогаш го зимаат во предвид овој значаен дел од женската популација, па создаваат парчиња чија основна естетика е префинета, романтична и женствена.

Ова лето, ултимативно тренди парче кое совршено се комбинира во дамскиот стил се кошулите, блузичките и фустаните со голи рамена.

Жените ги обожуваат бидејќи се лесно компатибилни во секојдневните комбинации, а притоа одлично прилегаат на сечија телесна конституција.

Во продолжение ќе разгледате неколку инспиративни примери како да ги комбинирате со џинс, здолништа, панталони или со интересни модни додатоци.

 

Објавено:
22 јули 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.329 пати