Жолтиот фустан што го носат сите...

12 април 2018

Доколку ги имаме предвид актуелните објави на модните блогови, фотографиите од светската улична мода, како и оние од модните настани, ќе забележиме дека голем дел од IT девојките имаат една омилена, заедничка пролетна љубов.

Се работи за впечатлив фустан во интензивна жолта боја од американскиот бренд Tibi.

Она што го прави особено интересен овој фустан, покрај бојата, е необичниот крој што дозволува игра со силуетата и можност да се носи на повеќе начини, како на пример со или без ремен што го нагласува струкот.

Фустанот е особено популарен во уличната мода, каде веќе видовме како го комбинираат најпопуларните блогерки, меѓу кои и Ејми Сонг.

Уште една во низата карактеристики што стилските девојки ги обожуваат кај овој фустан, е што може да го комбинираат во различни изданија, од спортски аутфит со патики, до елегантен и женствен со високи потпетици.

Фото извор: Инстаграм

Објавено:
12 април 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.319 пати