Зимска романтика во пастел

4 јануари 2018

Иако пастелните нијанси по дифолт ги врзуваме за летната и пролетната сезона, романтичната палета на пудрести тонови и тоа како добро ѝ стои на зимата.

Доколку се пронаоѓате во романтичната естетика, тогаш ќе најдете начин да ги имплементирате пастелните бои во секоја прилика оваа зима.

Подеднакво префинето изгледаат и деловните и свечените аутфити во пастел, надополнети со крзнени детали или металик накит.

Топлите макси капути, плисираните здолништа, џемперите со високи околувратници, предимензионираните плетени шалови – сите омилени зимски парчиња имаат своја пастелна варијанта оваа зима.

Фото извор: Пинтерест

Објавено:
4 јануари 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.570 пати