Зимски комбинации со кожени панталони

10 јануари 2017

Во уличната мода се помеѓу омилените парчиња, а во зима честопати се дел од урбаните слоевити комбинации. Кожените панталони се супер избор за овој период од годината кога температурите се под нула.

Совршени се за слоевито комбинирање, па нема да погрешите ако врз нив облечете здолниште или кошула-фустан, пончо или плетен џемпер.

Исто така може подеднакво добро да ги стилизирате и во спортски стајлинг со патики и во елегантен аутфит со високи потпетици, сако и кошула.

Еве како кожените панталони се комбинираат во уличната мода.

 

Објавено:
10 јануари 2017
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.664 пати