Зимски стилски избор на модните блогерки +40

5 декември 2016

Се почесто на социјалните мрежи може да ги сретнеме дамите во својата средна доба од животот, како ги споделуваат своите инспиративни стилски искуства. Независно дали се работи за моден блог или профил на Инстаграм, жените над 40-та година, креираа навистина сериозна, глобална мрежа каде не само што меѓусебно се инспирираат во поглед на визуелниот изглед, туку влијаат и на тоа како размислува и во кој правец се движи светската модна индустрија.

Посетивме неколку популарни модни блогови на блогерки кои се во својата средовечна доба и наидовме на одлични зимски комбинации, соодветни на возраста, а истовремено урбани, тренди и впечатливи.

Секако застапени се удобните зимски капути, најчесто со средна должина, како и слоевити комбинации што вклучуваат панталони со здолниште или џемпер, а колоритот е богат и без ограничување, па ќе забележите аутфити обоени во земјени тонови до такви со интензивни и контрастни колор блок варијанти.

Објавено:
5 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.288 пати