Златно плисирано здолниште - најпопуларното модно парче за празничната сезона

8 ноември 2018

Кралицата Летиција е една од најдобро облечените жени во светот, а тоа го потврди уште еднаш на роденденот на весникот „La Razón“, каде работеше пред да се омажи за кралот Филип. 

Таа се појави во златно плисирано здолниште, кое го искомбинира со црна едноставна блуза, наметнат црн капут и чизми до колена.

И токму ова златно здолниште едно од најпопуларните парчиња за претстојната празнична сезона. Доказ за тоа е и најновата понуда на уличните брендови, каде ваквото здолниште секако е присутно.

Може да се комбинира со кошула, џемпер, блуза, некој едноставен топ, изборот го оставаме на вас.

Во продолжение погледнете како тоа го направи кралицата Летиција, а следат и неколку примери од улична мода, кои сигурни сме ќе ве инспирираат:

Објавено:
8 ноември 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.111 пати