Значењето на тренди портокаловата боја

4 февруари 2014

narancasta-boja-2

Портокалово-коралната боја е една од најактуелните бои за претстојната пролет. Многу дизајнери ја имаа и во своите колекции за зима, како и големите модни трговски брендови кои веќе ја имаат облеката во оваа боја.

Но, освен што е модерна, портокаловата ќе влијае и на вашето расположение. Оваа боја е моќна. Велат дека се смета за боја која лечи. Од друга страна пак, недостаток и било што отвора апетит, но токму поради тоа и се припишува издржливоста и виталноста. Портокаловата боја стимулира креативност и ентузијазам.

Но, оваа боја означува и промена. Постојат верувања дека ако запалите портокалова свеќа, во текот на седум ноќи, ќе се случи и промена во вашиот живот. Она што е сигурно е дека е динамична боја и се поврзува со топлината и сонцето.

Велат, портокаловата ја носите ако:

-чувствувате дека времето лета

-сакате да се чувствувате фокусирано и сконцентрирано

-да ја зголемите креативноста

-сериозните нешта да ги направи забавни.

Потокаловата боја е спој на енергијата на црвената боја и среќата на жолтата, па поради тоа се поврзува со радост, ентузијазам, среќа, креативност, одлучност, привлечност, страст и стимулација.

Исто така, го поттикнува крвотокот, ја стимулира менталната активност. Ја симболизира силата и издржливоста.

Во портокалови бои спаѓа и златната, која дава чувство на престиж, блескавост, мудрост и богатство. Златната боја често симболизира и висок квалитет.

Која од овие причини е водечка за актуелизирање на оваа боја и нејзина доминација од страна на дизајнерите, тоа не секогаш го знаеме, но во секој случај се радуваме на овој тренд, кој освен во облеката, доминира и во трендовите за шминка.

Објавено:
4 февруари 2014
Категорија: 
Тренд