Зошто повеќе никогаш нема да носам тесни фармерки...

15 март 2016

Иако се апсолутен тренд и едно од омилените парчиња на жените од различни возрасти, сепак новинарката на сајтот popsugar, го сподели искуството од носењето на тесни фармерки и објасни зошто повеќе нема да ги носи.

Во продолжение ви го пренесуваме текстот:

„Како дете, се сеќавам дека мразев да носам фармерки. Воопшто не ми се допаѓаше тој тренд на нерастегливи фармерки од 1990-тите, што се заглавуваат кај зглобот, па ги молев родителите дури и во најстудените  денови во зима да носам фустанче.

Но, после неколку години, почнав да носам фармерки и тоа оние најтесните. Сакав да се вклопам во друштвото и ги носев постојано, во комбинација со розови балетанки...

Сепак, оваа моја модна приказна нема среќен крај. Пред неколку години, се погледнав во огледало и сфатив дека не ми се допаѓа како моето тело изгледа во тесни фармерки. Погледнав и стари фотографии – моите куси нозе во фармерките изгледаа како „трупци“. Колковите – дел од моето тело што не е многу ласкав – изгледаше уште попроширен. А тука беше и фактот дека нозете секогаш ги чувствував како „заробени“ во фармерките и кога ќе влезев дома едвај чекав да ги соблечам.

Затоа и престанав да ги носам, а на нивно место дојдоа широките „момчешки“ фармеки, како и ѕвонарките. Ги исфрлив сите тесни фармерки, дури и тие две-три што ги оставив за некои комбинации, а еве и зошто:

Не се добри за здравје

Сигурно кога ќе ги соблечете тесните фармерки, ја забележувате на нозете или задникот, линијата од рабовите, што секако не е добар знак. Тоа значи дека премногу ве стегаат, ја „пореметуваат“ циркулацијата, ги прават нозете „укочени“, што може да предизвикаат и здравствени проблеми, а јас не сакам да ризикувам за такви работи.

Невозможно е да се опуштиш во нив

За викендите преферирам комфорност, а тоа сигурно не се тесни фармерки, како хеланки. Сакам нешто во што ќе можам слободно да се движат, без да имам чувство дека нешто ми ја „заробува“ ногата. Кој може да се опушти во нешто толку ограничувачко? Јас не.

Овој тип фармерки не е добар за секој облик на тело

Како што споменав и претходно, воопшто не ми се допаѓаше како моето тело изгледаше во вакви фармерки. Ако не носам обувки што ќе ги издолжат моите нозе, тогаш тие изгледаат уште пократко, а тесните фармерки уште повеќе го нагласуваат тоа. Тоа се противи на ефектот што јас сакам да го постигнам.

„Момчешките“ фармерки се совршена опција за „мрзеливи утра“

Удобни се речиси колку и пижамите. А и задникот во нив ми изгледа одлично. Нозете во нив ми се чувствуваат слободно. Добро изгледаат и на патики, и на мокасини и на балетанки, ама и на чевли со потпетица. Без многу труд сум средена, а згора на сè и удобно ми е.

Ѕвонарките ќе ги истакнат облините без да се чувствувате обврзано

Ѕвонарките се сметаат за бохо тренд, но во реалноста, тие се даваат можност за разноликост во комбинациите. Може да се носат со кошули, блузи со принт, или нешто тантелно или транспарентно.  А за дамите со куси нозе? Не морате веднаш да одите на шнајдер за корекции. Јас облекувам високи потпетици или чевли на платформа, што ми даваат уште неколку сантиметри, а не се чувствувам непријатно.“

Се согласувате ли со неа?

Објавено:
15 март 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
6.001 пати
Извор: 
Popsugar