10 факти за тушот за очи

18 септември 2017

Тушот за очи или постручно кажано ајлајнерот го има своето почесно место во декоративната козметика на секоја жена. Иако веќе со децении е едно од најпопуларните козметички производи, сепак не било секогаш така.

Во продолжение следат 10 факти за ајлајнерот што можеби не сте ги знеле:

#1 Сè почнува со Египет

Се верува дека ајлајнерот првпат се појавува околу 10.000 г.п.н.е, во древниот Египет и Месопотамија.

#2 Мажите први го користат

Иако денеска е популарен меѓу женската популарија, мажите први го употребувале. Ги исцртувале очите со впечатливи, полни црни линии околу очите, тренд кој ќе се врати повторно во 1980-тите.

#3 Има и други освен естетски намени

Ајлајнерот првично се користел за да се заштитат очите од сончевите зраци (и Богот на сонцето), а потоа и против уроци.

#4 Станува популарен во 1920-тите

Како што рековме, ајлајнерот не бил популарен отсекогаш. Но, во 1920-тите доживува вистинска револуција и тоа во Западните култури. Во 1922 година е откриен гробот на Тутанкамон, а оттаму повторно се актуализира потенцирањето на очите со црни линии.

#5 Тежок за нанесување

Нанесувањето на тушот денеска е многу поедноставено. Во 1920-тите бил во цврста, односно во форма на прав и се користел всушност како сенка, создавајќи зачаден ефект, наместо денешната јасна и мазна линија.

#6 „Мачкестите“ очи не се толку стар тренд

Течниот ајлајнер се појавува некаде околу 1950-тата година и оттогаш почнува и трендот со исцртување на т.н. мачкести очи.

#7 Штетен за очите

Магазинот „Eye and Contact Lens“ во една пригода објави мало истражување чиј заклучок е дека нанесувањето на ајлајнерот на или од внатрешната страна на капакот може да направи оштетување, а со тоа да се повреди окото и да се намали видот.

#8 Мажите повторно го користат

Британците направија истражување кое покажува дека еден на десет мажи користи ајлајнер во комбинација со лабело и коректор.

#9 Геометриска игра

За различен ефект, ајлајнерот се нанесува на различни начини. На пример, за природен изглед, исцртајте ја само горната линија од капакот. АКо сакате визуелно да ги намалите очите, тогаш исртајте го целото око, а ако сакате визуелно да ги зголемите, тогаш потребно е да реагирате само на надворешните страни од окото.

#10 Добредојдена помош

Ако немате стабилна, мирна рака, тогаш помогнете си. Употребете било што што ви е позгодно (молив, сенка) и нанесете убава линија (особено ако сакате да постигнете ефект на мачкести очи). Исто така, можете да се послужите со мажица или транспарента трака на надворешните агли и според така поставените линии да исцртувате со тушот.

фото извор: pinterest.com;

Објавено:
18 септември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.424 пати
Тагови: 
убавина факти туш