Десет мејк ап трикови кои секоја жена мора да ги знае

6 април 2017

Постојат мали тајни и правила како да ги истакнете вашите најдобри црти на лицето. Во продолжение ви пренесуваме 10  мејк ап трикови што секоја жена мора да ги знае:

1. Коректорот се нанесува после течната пудра.

2. Бронзерот не смее да биде потемен од вашата кожа или потемен повеќе од три нијанси.

3. Малку бела или светла сенка на внатрешниот агол на очите ќе го направи вашиот поглед да биде побистар, а визулено очите поголеми.

4. Јаболчниците најдобро изгледаат кога бронзерот го нанесувате под нив, а руменилото врз него Техниката секако ја прилагодувате според обликт на вашиот лик.

5. Ако сакате визуелно полни усни, над Купидоновиот лак од горната уста нанесувате мајлку хајлајтер или коректор.

6. Уште еден трик за полни усни е секако светлиот кармин со нанесување светол сјај на средина на устата.

7. Кога ја исцртувате устата со моливче направете мал икс под Купидоновиот лак, а пото почнете соисцртување од надворешните кон надворешните рабови па кон средината .

8. Ако гледате надолу подобро ќе ја нанесете маскарата и ќе добиете подобар ефект.

9. Ако имате повеќе од 25 години никогаш немојте да нанесувате „тешки“ коректори, туку оние кремастите,  затоа што оние со потешка текстура ќе ви навлезе во ситните бори .


10. Кога ставате вештачки трепки,  потребно е лепакот да се исуши 5-10 секунди, па дури тогаш ги ставите на вашето око.

Не го заборавајте златното правило, помалку е повеќе секогаш!

 

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
8.316 пати
Тагови: 
шминка совети