10 причини зошто не слабеете

27 март 2017

Како што почнуваат топлите денови, така сè повеќе зачестуваат диетите. Повеќето девојки и жени се во потрага по совршената и по можност најбрзата диета, со која ќе исчезне „багажот“ од зимските денови и специјалитети.

И ако веќе имате вакво искуство, но сепак не го постигнувате саканиот резултат, можеби причината ќе ја најдете во текстот во продолжение.

Прочитајте ги 20-те причини поради кои не слабеете:

 

1.Диетата што ја практикувате не е за вас

Тоа што вашата најдобра пријателка успеала да изгуби 10 килограми со некоја диета, не значи дека истата ќе биде ефективна и за вас. Истражување од ноември 2015 година, покажало дека иако 800 учесници ја практикувале истата диета, состојките се преработувале кај секого на различен начин, па шеќерот во крвта покажувал големи варијации. Затоа, пред да се одлучите да на некоја диета, консултирајте се со стручно лице, која би била најсоодветната за вас.


2.Немате постојан распоред на спиење

Луѓето што не се придржуваат кон регуларен распоред на спиење имаат поголем струк или поголем BMI (индекс на телесна маса), од оние што заспиваат и се будат речиси во исто време секој ден. Вашето тело е најдобро и најубаво ги врши функциите кога спиете по шема од која не отстапувате многу, бидејќи тогаш се поистоветуваат и со природниот ритам на срцето. Ако во текот на неделата имате таква пракса, тој ритам на функционирање ќе се задржи и за викендите, иако тогаш можеби спиете малку повеќе. Навиката што ќе си ја создадете за заспивање и будење во исто време, ќе ви помогне и побрзо да заспиете, а и да се одморите повеќе.


3.Чинијата ви е премногу голема

Иако можеби ви е подарок од некој близок, чинијата не смее да биде многу голема, барем така покажува истражувањето од октомври 2015 година. Резултатите покажуваат дека  луѓето јадат 92 проценти од храната во чинијата, без разлика колку е полна. Па, ако таа собира повеќе од една регуларна порција, може да јадете многу повеќе, а и да не забележите.

4.Вашето семејство/пријател/партнер има ужасни навики за јадење

Ние ги „впиваме“ навиките за јадење од нашата најблиска околина. Во 2014 година беше откриено дека поголеми се шансите да имаме прекумерна тежина доколку сме опкружени со луѓе што ги преполнуваат тањирите, на пример. Исто така, жените се склони кон тоа да јадат исто што и колку и личноста со која имаат оброк што значи и многу повеќе калории. Но, решението не е јадење сам, бидејќи така пак, повеќето „мамат“, јадејќи повеќе кога никој не ги гледа.


5.Не јадете доволно јаглехидрати

Најчестото верување при губењето килограми е да се исфрлат јаглехидратите од исхраната. И има вистина во тоа, но сепак, да не се претерува.  Скробот, посебно оној отпорен скроб полн со хранливи влакна може да ви помогне во губењето на килограмите, бидејќи ќе ве држи подолго време сити. Можете да ја зголемите и дозата на препорачан скроб (4 грама) од две парчиња црн леб, една банана со средна големина или пола шолја леќа.

6.Хронично сте под стрес

Студиите покажуваат дека нивото на кортизол односно „стрес хормонот“ е тесно поврзан со висцералните масти. Кортизолот ја редуцира чувствителноста на телото на инсулин и може да довете до најголемиот непријател на големиот стомак – јадење под стрес. Затоа, сфатете го стресот сериозно. Најдете начин да се ослободите од него. Дали тоа ќе биде медитација, пешачење, пишување дневник, забава со пријателите или нешто друго, изборот е ваш, само практикувајте го често.

7.Имате погрешна распределба на намирниците во кујна

Колку и да звучи глупаво, постои поврзаност и говори за тоа што најчесто користите. Во октомври 2015 година, спроведено е истражување во 200 домови, кое покажало дека тие што чуваат сок на „дофат на рака“ се за 12 килограми потешки од некој со просечна тежина. Тие што на највидливо место ги чуваат житарките за појадок, се за речиси 10 килограми подебели, а оние што имаат овошје на видливо место, се за 6 килограми послаби. Ако сакате да ја намалите тежината, тогаш здравите намирници нека ви бидат при рака.

8.Го чувате успехот за себе

Ако сте постигнале убав резултат со диетата, не кријте го тоа. Тие што го споделиле резултатот биле уште помотивирани од претходно, а дополнително и инспирираат некој друг. Останете позитивни.

9.Премногу често држите диети

Луѓето што многу често се изложуваат на диети за слабеење се поподложни на прекумерна тежина отколку оние што не го прават тоа. Дури и опуштањето само за викенд кај овие луѓе може негативно да влијае. Секако, во периодот од една до друга диета, треба да се заборави брзата храна. Џабе држите диети, кога не го менувате начинот на исхрана од корен. И тоа не мора одеднаш, дури и не е препорачливо, туку со мали, постепени чекори, така ефектот ќе биде уште поуспешен.

10.Јадете премногу брзо

Кога само ставате храна во уста, како некој да ве брка, вашето тело нема време да испрати сигнал до мозокот „Доволно е, најаден сум“. Луѓето што јадат побавно јадат помалку калории од оние што јадат брзо и ситоста им трае подого. Обидете се да јадете побавно, џвакајте најмалку 50 пати и после секое залче, спуштајте ја вилушката.

 

Бонус: Не сте маж

Факт што не е фер – мажите губат килограми побрзо од жените. И додека жените губат килограми секаде по малку, мажите губат прво од половината, што го прави нивниот прогрес уште поочигледен.

Објавено:
27 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.099 пати