10 знаци дека на вашето тело му недостасува железо

28 март 2017

Недостатокот на железо денеска е многу чест проблем кај голем број луѓе, но дефинитивно е нешто што за одредено време може да се поправи.

Со правилна исхрана и консумирање на одредени намирници, можете многу лесно да дејствувате и да го покачите нивото на железо во крвта.

Секако, ако станува збор за анемија од повисок степен, ќе морате да посегнете и по некои лекови кои за кратко време ќе ви помогнат да се чувствувате подобро.

Ако одамна не сте го провериле железото во крвта, тогаш задолжително направете го тоа што поскоро, особено ако сте забележале некои од овие симптоми.

1.Умор

Телото го користи железото за да произведе хемоглобин кој е присутен во црвените крвни клетки, а кој го пренесува кислородот. Недостатокот на кислород во крвта доведува до чувствување на постојан умор.

2.Лоша концентрација

Ако забележите дека вашата концентрација е исклучително лоша во последно време, тогаш мора да има некоја причина за тоа. Една од најчестите причини е недостатокот на железо во крвта кое мора да го следите.

3.Апатија

Оваа состојба, особено кон блиските, пријателите, семејството или колегите на работа, може да биде предизвикана токму од недостаток на железо. Ако забележите дека вашето расположение во последно време се менува, а тоа никогаш не било случај, задолжително проверете ја крвната слика.

4.Задишаност

Ако забележите дека додека пешачите или вежбате почнувате многу да се задишувате и да останувате без воздух, причина може да биде недостатокот на железо. На вашето тело му треба кислород, а очигледно не го добива во доволни количини.

5.Бледа кожа

Бледото лице може да биде прв знак за недостаток на железо во крвта. Бледата кожа е резултат на слабата циркулација на крвта и намалување на бројот на црвени крвни зрнца.

6.Намалена енергија и кондиција

Ако сте човек кој редовно вежба, веројатно веднаш ќе забележите ако не можете вежбите да ги правите со ист интензитет како порано. Недостатокот на железо ја намалува физичката способност и издржливоста на организмот.

7.Болки во мускулите

Ако по тренингот или прошетката чувствувате силни болки во мускулите, тоа може да е знак дека на вашето тело му недостасува железо.

8.Кревки нокти

Погледнете си ги ноктите и доколку забележите било какви промени кај нив, особено ако не се цврсти како што некогаш биле, тогаш знајте дека железото е проблемот.

9.Чести заболувања

Ако целата зима ја поминавте со настинки и разни воспаленија, а особено ако страдате од болести на дишните патишта, тогаш ниското железо во организмот може да ги прави сите проблеми.

10.Бојата на урината

Ако при мокрењето забележите поинаква боја на урината, време е да побарате стручно мислење. Поради недостатокот на железо таа може да има розова, па дури и црвена боја.

Објавено:
28 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.854 пати