23 украси за коса за секоја невеста

19 јуни 2015

2-wedding-trends-2015-w724

Ако сте во фаза на осмислување на вашиот невестински изглед и се ' уште се двоумите каков тип украс да ставите во коса, се надеваме дека ќе ви помогнеме.

Во продолжение ќе погледнете неколку различни видови украси за коса, кои несомнено ќе ве инспирираат. Доколку имате едноставна венчаница, тогаш украсот за коса може да биде повпечатлив и богат. И обратно, доколку фустанот е раскошен, тогаш за косата изберете го наједноставното решение.

Latest-Stylish-Brides-Beautiful-Headbands-Fashion-2015-1

Можете да се одлучите за венче со поедноставни или повпечатливи украси, во зависност од потребата. Шнолите и чешлињата за коса се исто така практичен моден украс. Во последно време особено тренди се оние што се во форма на ѓердан, во бохо стил.

За што и да се одлучите, веруваме дека ќе биде вистинскиот избор. Она што е важно е да не го запоставувате овој дел од стајлингот, бидејќи иако се работи за мал моден додаток, впечатокот што ќе го подобри (или не) ќе биде голем.

Објавено:
19 јуни 2015
Категорија: 
Убавина