5 причини поради кои не ви расте косата

6 април 2017

Некои поради жешките температури во лето практикуваат да носат кратка фризура. Но, трендовите велат дека долгите коси повторно се доминантен тренд. Ако сакате да му се приклучите, но имате проблеми со растот на косата, можеби во следните пет точки се крие вистинскиот проблем, односно решение.

 

Користите погрешни производи

Ако имате тенко влако, тогаш пеглата и фигарото исфрлете ги засекогаш од употреба. Користете четки и фен. Ќе добиете и поголем волумент. Ако пак, се соочувате со сува коса, не користете масла за коса. Подобар избор се маските, што длабински ќе го нахранат влакното. За тоа каков производ е најдобар за вашата коса, консултирајте се со вашиот фризер.

 

Премногу често ја кратите косата

Секој има различен тип на коса, па во зависност од тоа колку влакното ви е силно или дебело, треба да го ускладите квантитетот и квалитетот на потстрижувањето.

Недостаток на сон

Можеби и не сте претпоставиле, но недостатокот на сон може да влијае на вашата кожа и коса. Потрудете се да имате осум часа сон, не занемарувајте го значењето на навидум неважните работи.

Недостаток на железо

Недостатокот на железо може многу да влијае на растот на косата. Внесувајте во организмот спанаќ, лешници, црвено месо... Консултирајте се и со стручно лице за суплементи кои ќе ви ја подобрат крвната слика, но и коса.

Стрес

Непријателот број еден на модерното живеење секако влијае и на растот, односно опаѓањето на косата. Одвојте време во денот за опуштање и расположение. Балансот ќе ви донесе не само поквалитетен начин на живот, туку и поквалитетна коса.

Објавено:
6 април 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.979 пати
Тагови: 
коса здравје раст