6 интересни фризури од улиците низ Париз

20 септември 2013

Градот на светлината и модна метропола – Париз, остава траг на сите што го посетиле. Но, за оние што живеат таму, модата, урбаноста и стилот се во преден план. Токму од улиците на Париз, за вас издвоивме шест најчести фризури што ги носат љубителките на модата. Инспирирани од ревиите на најголемите модни брендови и дизајнери, парижанки успешно знаат да ги направат барем слични од она што се презентира на писта. Меѓу најомилените е коњското опавче но во стилизирана варијанта, незаменливата пунџа која исто така не е во класична поставеност, а пак природните кадрици се незаменлив дел од имиџот. Погледнете ги фотографиите  и смислете која од овие фризури ќе ја изберете за украс на вашата глава.

Објавено:
20 септември 2013
Категорија: 
Убавина