70-годишна жена го претвори дијабетесот во предност

22 август 2017

Каролин Хартц од Перт има 70 години и е баба на четири внучиња. Секојдневно добива комплименти за нејзиниот изглед, кој не се должи на вежбање во сала или посебна здрава исхрана, како што сега наложуваат трендовите.

За австралиските медиуми вели дека нејзината „бикини формула“ е многу поедноставна:

-Внимавај што јадеш, тоа е број еден и број два – движи се -  вели Хартц.

фото извор: news.com.au

За неа годините не се изговор за она што може или не може да го прави во животот. Неодамна се запишала и на часови по тенис, нешто во што уживала и претходно. Дури и го ангажирала истиот тренер, кој ѝ рекол на 30-годишна возраст дека е премногу стара за да игра тенис.

-Тогаш си помислив, „Навистина? Само гледај ме, сакам предизвици“. Мојот трнер е сега во 80-тите години од животот и сè уште се смееме за оваа случка. Кога му се јавив повторно, се смееше. Ми рече, „Можеш да играш тенис, но веднаш да ти кажам дека првиот час ќе трае само 30 минути. Немој да мислиш дека ќе играш подолго, затоа што те знам каква си“ – вели Каролин.

Но, всушност нејзината упорност за што подобро здравје, започнала уште пред 30 години. На тогаш 40-годишната Каролин ѝ бил дијагностициран дијабетес во почетна фаза, па таа морала да се откаже од шеќерот, а со тоа од чизкејк, бисквити и сите други благи работи. Имала година дена да го доведе во ред шеќерот во крвта.

фото извор: news.com.au

-На крајот на годината, нивото на шеќерот беше добро, а јас изгледав поздраво од кога било. Немав веќе никаков проблем, но не сакав секако да се вратам на стариот начин на живот, но ниту пак да лишам од работите што ги сакам. Затоа се фокусирав на поздрава исхрана. Повеќе внимание обрнував на тоа што го јадам. Така, продолжив да јадам благи, чиј вкус навистина можев да го почувствувам – вели оваа 70-годишна дама.

Нејзината потрага за јадење благо без чувство на вина, ја доведе до тоа на 55-годишна возраст да стане претприемач, да отвори компанија „Sweet Life“, која дистрибуира замена за шеќер, наречена „Ксилитол“.

-Им се вратив на моите омилени рецепти, како торта од путер и лимон, џем... но ги сменив така што станаа рецепти без шеќер. Кога дома правам торти, ги сечам на парчиња и ги замрзнувам. Не ги оставам така, бидејќи искушението е големо и би можела да изедам сè – признава Хартц.

фото извор: news.com.au

Освен физичката активност и консумирањето храна без шеќер, оваа згодна дама медитира. Исто така, во изминативе 40 години, ниту еден ден не пропушта да направи прошетка со нејзиниот сопруг.

Спие седум до осум часа и се занимава исто со хуманитарна работа во една организација за борба против ракот.

-Секогаш им велам на моите три деца дека животот не е совршен. Нема да оди сè како што сакате, но и тоа е во ред. Ако имате предизвик, или ако паднете, станете и продолжете. Многу често тоа е знак дека универзумот ве носи на друга патека. Силно верувам дека кога една врата ќе се затвори, друга се отвора. И јас имам тешки мигови, но јас секогаш ја гледам чашата полуполна и тоа е мојата „тајна“ – вели за крај Каролин.

Објавено:
22 август 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.295 пати