Ако имате брчки заборавете на светлите нијанси шминка

7 февруари 2014

Дали ви се чини дека кога ќе нанесете сенка на очните капаци изгледате уште поуморно или комплетно извештачено? Тогаш прочитајте кои се најчестите грешки што ги правите додека се шминкате и да се потрудите да ги избегнете. Кога купувате сенка , обрнете внимание на бојата на очите. Најдобар избор се боите што создаваат контраст, па така зелените очи најдобро се согласуваат со виолетови нијанси и сите нијанси на кафена, сините очи изгледаат одлично со сите земјени нијанси, а на кафените им прилегаат речиси сите.

Грешка 1: Груби прелази

Кога комбинирате неколку тонови на сенка, важно е да не се гледаат прелазите. Тоа е една од најчестите грешки поради кои шминката изгледа „пластично“. Разликата меѓу боите треба нежно да ја направите со специјална четка со која ќе ја натапкате сенката за нијансите да се претопат една во друга, а на очите да им дадат длабочина.

Грешка 2: Користење сунѓерести апликатори

Препорачливо е сенките да ги нанесувате со меки влакнени четки, а не со сунѓерести апликатори. Зошто? Затоа што тие во еден потег нанесуваат премногу сенка, додека оние со  влакнестите, можете постепено да сенчате и засилувате на интензитет, тврдат професионалните шминкери.

Грешка 3: Сенка на долниот капак

Сенката на долниот капак се нанесува во тенка суптилна линија веднаш до работ на капакот, во спротивно очите ќе изгледаат уморно. Претерувањето со количината, визуелно ќе го спушти капакот.

Грешка 4: Нанесување коректор пред сенка

Првиот чекор од нанесувањето шминка не е коректорот туку сенката. Ако се стави пред сенката, честичките од сенката паѓаат врз него и го уништуваат ефектот. Затоа првин сенка па коректор.

Грешка 5: Светла сенка

Светлите нијанси на сенки не се најдобар избор, зашто дополнително ги истакнуваат брчките на лицето. Наместо такви, користите мат нијанси.

Грешка 6: Избегнување маскара и молив

Сенката без маскара и молив не функционира најдобро. Црната боја дефинира и визуелно ги зголемува очите и создава контраст.

Објавено:
7 февруари 2014
Категорија: 
Убавина