Ако сте во потрага по нов парфем што ќе ве освои и ќе стане еден од омилените за претстојната сезона, Amoouage Figment е нашиот предлог.
Овој парфем, кој доаѓа во машка и женска верзија е создаден од креативниот дикретор на куќата „Amouage“, Кристофер Чонг.
Совршената формула ја наоѓа инспириран од неговата имагинација и поимот убавина.
-Figment е израз на она што јас го поимам како убаво. Ниту фантазија, а ниту реалност, ова е мирисен холограм, создаден од фрагменти кои ја сочинуваат убавината на животот. Овој парфем во мојата имагинација е манифестиран како најсовршена опера, видена низ времето и просторот, преку античките емајлирани очила за опера – вели Чонг.
Во машката верзија на парфемот, Чонг на уметнички начин ги контрира и спојува мирисите со цел да ги истри нијансите. Тежнејќи кон тоа да ги открие можностите на непознатото, тој ја презентира чистата убавина преку цветни и свежи ноти на лимон, геранија и таканаречениот розов бибер.
Женската верзија пак е спој на привлечноста и неверојатноста на поетичноста на градината во имагинацијата на Чонг, со горчливо-слатки мирис на Сечуански пипер, шафран помешани со тонови на гарденија.
За посебноста на парфемот придонесува комплетниот производ. Шишенцето е во тиркизни нијанси, изработено од кристал, а украсено со Сваровски кристали и елементи од 24-каратно злато. Капачето е со магнет и само се затвора. Надворешното пакување пак, е изработено од рециклирана хартија со принт, а неговата внатрешност е од кадифе.
Сè е подредено на тоа да се чувствувате луксузно, посебно, како во некоја од градините или оперите од кои Чогн се инспирираше и ги создаде овие два одлични парфема.
*спонзорирана објава IT Cosmetics