Андреја Пејиќ во првата кампања за Make Up For Ever

5 август 2015

Трансродовиот модел Андреја Пејиќ уште во јуни објави дека е горд што стана заштитно лице на светски познатиот козметички бренд Make Up For Ever, а денеска конечно можеме да ги видиме и фотографиите од нивната соработка.

Со овој успех, Андреја е една од првите трансродови модели во историјата кои станале заштитни лица на козметички брендови и рекламирале шминка.

Откако Андреја стана светски позната и успешна како андроген модел, таа го продолжи патот на успехот по паузата што ја искористи за во целост да стане жена, а процесот беше прикажан во краток документарен филм.

Фотографиите за кампањата на Make Up For Ever ги направи познатиот Фелипе Саломон, а на нив 23 – годишната Андреја е прикажана во неколку различни изданија на кои изгледа навистина прекрасно.

Што мислите вие за нејзиниот изглед?

 

Објавено:
5 август 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
650 пати