Ања Рубик го лансира својот прв парфем

6 декември 2014

Познатата манекенка Ања Рубик, одлучи да и се придружи на ѕвездената плејада личности кои имаат свои парфеми и го лансираше својот прв мирис,  насловен „Original by Anja Rubik“.

 

Новиот микс мирисни ноти потпишани од Ања се појавија на 22-ри  ноември најпрво на полиците во парфимериите ширум Полска, од каде и потекнува оваа прекрасна манекенка.  Во комбинација со парфемот беше лансирана и црно – белата рекламна кампања за парфемот, во која нормално таа ја има  главната улога.. Рубик, позира во едноставен црн џемпер, smokey – eyes шминка и разбушавена коса пред објетивот на фотографката Паола Кудацки, презентирајќи еден мошне женствен и моќен изглед.

 

 

Моделката  на парфемот работи веќе неколку години, надевајќи се дека ја постигнала целта тој целосно да ја рефлектира нејзината естетика и модна перспектива. Мирисот и дизајнот на шишенцето се целосно инспирирани од цветот лилјан, кој е и главната состојка на парфемот. Во горниот дел истиот  плени со освежувачките ноти на розов папрат и зелен чај, срцевината е комплетно обвиена со есенцијата на лилјанот, а базата на парфемот дише во природниот сладок мирис на смола. Доколку овие мирисни суплементи ви се едни од омилените, тогаш помирисајте го новиот спој на природата, собран во шишето на Ања Рубик.

Објавено:
6 декември 2014
Категорија: 
Убавина