Армани препорачува: нека вашите очи блеснат со металик туш за очи

26 август 2014

„Armani Eyes to Kill“ е насловот на најновата линија металик туш за очи, козметика за која дизајнерот смета дека треба и ќе биде меѓу најупотребуваните шминки за претстојната есен- зима. Изминатите неколку сезони можеби за повеќето металик нијансите за шминка некако се избегнуваа или се користеа помалку, но нивното време набрзо доаѓа, затоа бидете подготвени за блесакви очи што ќе ги забележат сите.

Металик сјајот придонесува за посебна мистичност и максимален ефект. Наш предлог е да нанесете една линија металик туш, а врз истата уште една линија во црна боја.

 

Нека Армани биде доволен стимулатор да си го направите шминкањето поинтерено.

 

Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Убавина