Babylight: Трендот омбре има замена

29 ноември 2014

 

Како што експресно стануваат актуелни трендовите за облека на глобално ниво, истото се случува и со трендовите за коса. За двојките што практикуваат постојано да бидат во тек со трендовите и да ги имплементираат од својот имиџ, новиот револуционерен тренд за коса дефинитивно ќе ги освои.

Голем број од припадничките на понежниот пол не останаа рамнодушни на омбре техниката на боење на косата, а веруваме дека истото ќе се репризира и со новиот тренд кој стилистите го нарекоа babylight.

Станува збор за постапка на осветлување на текни парчиња коса во нијанси посветли од основната, кои создаваат интересен ефект и придонесуваат за свеж изглед. Фризерите велат дека ваквата постапка треба да се обновува меѓу 12 и 14 недели, се со цел да се воспостави колорен баланс.

Тие посочуваат дека babylight може да се направи на секоја боја на коса за време од еден час и петнаесет минути. Оваа постапка во американските фризерски салони чини околу 500 долари. Иако крајниот резултат е сличен на познатото шатирање, babylight изгледа поприродно и не е толку впечатливо како омбре.

Објавено:
29 ноември 2014
Категорија: 
Убавина